Често поставувани прашања

Рок на валидност е 12 месеци од датумот на издавање на беџот.

Беџот е во целост бесплатен. Единствен трошок за организацијата е времето кое ќе го потроши за пополнување на прашалникот за само-евалуација.

Покачувањето на свесноста за важноста на сајбер безбедноста е битна од повеќе аспекти за секоја организација. Дел од придобивките кои би сакале да ги истакнеме се:

  • Вашата организација е дел од листата на организации кои се препознаени од страна на MKD-CIRT како одговорни во делот на сајбер безбедност
  • Зголемување на посетите на Вашата веб страница и индиректно информирање на трети страни дека вашата организација внимава на сајбер безбедноста преку промотивните активности на MKD-CIRT
  • Зголемена доверба кај постојните и нови корисници на вашите производи и услуги
  • Зголемена доверба кај сите стеикхолдери на вашата организација