„Cyber Safe“ е едноставна, но ефикасна шема/рамка која ќе Ви помогне да ја заштитите Вашата организација, без оглед на нејзината големина, од цела низа најчести сајбер напади.

Cyber safe и користење на беџ

Со цел да се мотивираат организациите да имплементираат мерки и добри практики за сајбер безбедност во своето работење, MKD-CIRT воведува „Cyber safe беџ", со цел јасно препознавање на организациите кои успешно ќе го завршат процесот на самооценување на своето работење.

Беџот е визуелна ознака која секоја организација што успешно го завршила процесот за само-евалуација ќе може да го постави на својата на веб страница. На тој начин на своите корисници на производи и услуги ќе им предочи дека станува збор за организација која имплементира мерки и контроли за сајбер безбедност и следи добри практики во своето работење.

Поволности

Рамката "Cyber safe" ви дава потврда дека преземените мерки за одбрана ќе ја заштититат организацијата од најчестите сајбер напади. Оваа рамка има за цел да укаже како да ги имплементирате основните мерки и контроли за сајбер заштита и да ги спречите најчестите напади.

Поволности

  • Вашата организација е дел од листата на организации кои се препознаени од страна на MKD-CIRT како одговорни во делот на сајбер безбедност
  • Зголемување на посетите на Вашата веб страница и индиректно информирање на трети страни дека вашата организација внимава на сајбер безбедноста преку промотивните активности на MKD-CIRT
  • Зголемена доверба кај постојните и нови корисници на вашите производи и услуги
  • Зголемена доверба кај сите стеикхолдери на вашата организација

Аплицирај за беџ

Времето потребно за само-евалуација е пократко од 10 минути за мали организации, односно пократко од 15 минути за големи организации.

Започни само-евалуација

Листа на организации со издаден беџ

Кликнете на организацијата која ве интересира за да добиете повеќе информации за истата.

Агенција за електронски комуникации

Уникатен број на беџ: 48j3w

Интернационален Картичен Систем АД Скопје ( КаСис)

Уникатен број на беџ: pfvq

Друштво за јазични, едукативни и информатички услуги БЕСЕДИ ДООЕЛ Скопје

Уникатен број на беџ: p586k

СОС ДЕТСКО СЕЛО Скопје

Уникатен број на беџ: 479e4

ЕЛС - Општина Охрид

Уникатен број на беџ: c6ce7

Гоу Нет дооел

Уникатен број на беџ: b40c1

Види ги сите