„Cyber Safe“ е едноставна, но ефикасна шема/рамка која ќе Ви помогне да ја заштитите Вашата организација, без оглед на нејзината големина, од цела низа најчести сајбер напади.
Регистрирајте ја организацијата и потврдете ја адресата за е-пошта.
Пополнете го прашалникот. Одговорите веднаш покажуваат каде сте усогласени, а каде не.
Со најмалку 70% усогласеност, тимот на MKD-CIRT ги проверува податоците на организацијата.
Беџот стигнува по е-пошта, со упатство за поставување. Важи 12 месеци.
Со цел да се мотивираат организациите да имплементираат мерки и добри практики за сајбер безбедност во своето работење, MKD-CIRT воведува „Cyber Safe беџ“, со цел јасно препознавање на организациите кои успешно ќе го завршат процесот на самооценување на своето работење.
Беџот е визуелна ознака која секоја организација што успешно го завршила процесот за самоевалуација ќе може да го постави на својата веб-страница. На тој начин на своите корисници на производи и услуги ќе им предочи дека станува збор за организација која имплементира мерки и контроли за сајбер безбедност и следи добри практики во своето работење.
Како се поставува беџот
Рамката „Cyber Safe“ ви дава потврда дека преземените мерки за одбрана ќе ја заштитат организацијата од најчестите сајбер напади, и покажува како да ги имплементирате основните мерки и контроли за сајбер заштита.
Вашата организација е дел од листата на организации кои MKD-CIRT ги препознава како одговорни во делот на сајбер безбедноста.
Повеќе посети на вашата веб-страница преку промотивните активности на MKD-CIRT и јасна порака дека внимавате на сајбер безбедноста.
Зголемена доверба кај постојните и новите корисници на вашите производи и услуги.
Зголемена доверба кај сите засегнати страни и партнери на вашата организација.
Времето потребно за самоевалуација е пократко од 10 минути за мали организации, односно пократко од 15 минути за големи организации. Беџот е целосно бесплатен.
Кликнете на организацијата која ве интересира за да добиете повеќе информации за истата.
Уникатен број на беџ: tcp4b


Уникатен број на беџ: abs1m


Уникатен број на беџ: 48j3w


Уникатен број на беџ: pfvq


Уникатен број на беџ: p586k


Уникатен број на беџ: 479e4

